ПРОЛЕТ ВО ДОМОТ
Тука ридот
се распролетува
дождовите се
ноќни милувања
исцедени од
маглите на долината
небото поблиску
до мене
тука во домот
топло е
и зелено
мрестење на ливади
те буди
пролетен ѕвон
се огласува
во шумот на ветерот
домот како цвет
ми се отвора
во сонот.
Бранко Бјадов