Заборавени
Забораваме наутро да споделиме насмевка
забораваме да се погледнеме себе пред
другиот.
Заборавени остануваат минатото и
сегашноста.
Од брзање забораваме да почекаме од гнев забораваме да простиме.
Заборавени сме од себе
го забораваме доброто, паметиме лошото.
Толку заборав, а малку спомени
Забораваме зошто, а паметиме затоа
забораваме колку малку сме
за да се губиме
Забораваме колку боли паѓањето
а зборот лекува
Забораваме дека сенката е со нас
толку колку што светлината нѐ следи
забораваме свесно
а толку малку треба
за да се присетиме.
Вања Изова Велева