Има мигови кога човек пред лицето на својата совест се прашува себеси: а, всушност, дали сум верен?
Светиите ни заповедаат да го љубиме Господа за Неговите доброчинства, а ние најчесто постапуваме како исцелените лепрозни, кои си заминале по својот пат, дури не ни свртувајќи се кон Христос.
Чуден парадокс: човекот во својот живот се искусил и се заборавил. Преку страстите човек го губи мистичкиот опит на богоопштење. Тој престанува да го чуствува Бога во својата душа. Страста е љубов кон демонот, кој во душата создава идол – пуст одвнатре.
Душата треба да дојде до заклучок за тоа дека богатството и бедата, здравјето и болеста, победата и поразот, долговечноста или раната смрт, исполнување или неисполнување на плановите и желбите – тоа не е добро или зло, туку тоа се само определени околности и ситуации, и дека единствено вистинско добро е Бог, а единствено зло – она што стои како препрека меѓу душата и Бога.
Извадок од книгата
Тајната на спасението
Архимандрит Рафаил Карелин