Ерихон е бенд кој е составен во 2020 година во Скопје, Македонија. Првичната идеја за создавање на бендот е креирање на музика за филмот ,,Уметност над Уметностите’’. Шест млади музичари ентузијасти се собираат да го остварат тоа. Секој почеток е скромен, па така и овој. Еден неофицијален член од бендот им го овозможува својот дом да го претворат во мало студио од каде што се созадава и нивниот прв албум ,,Невечерен Ден’’. Првиот албум претставува реинкарнација на византиската музика врз која се вметнати рок и пост-панк примеси и прогресии. Најголема инспирација за тексовите е земена од македонската народна литература и темата на филмот.
Овој проект нѐ вовлекува во новата ера на слободен дух и експериментализам за задржување на автентичното.

Во продлжение погледнето го најновиот видеозапис на Ерихон