Запишување на гревовите – тоа е показател за омраза кон гревот и потреба за покајание, потреба за очистување;
оној кој ја нема таа потреба, никогаш нема да ги запишува гревовите, туку ќе ги изнесува само нивните општи имиња.
А фотографски да ги запишува фактите, на тоа никогаш нема да се научи. Јас уште како дете ги запишував гревовите.
Човек треба да се научи да ги гледа фактите. Да ги гледа и правилно да ги запишува. И тоа не само делата, туку и помислите. Тоа барање за редовно себеочистување претставува себеусовршување.
Луѓето се во состојба веднаш штом го затворат молитвеникот, да почнат да осудуваат, да зборуваат грубо, да се гневат, да прераскажуваат нешто лошо што го слушнале. Затоа што само читале, а нивното срце не се молело. А треба срцето да се моли.
Извадок од книгата
Старец Сампсон