Старецот имаше една посебна мисла, дека Господ може вистински да Го бара само оној што еднаш Го познал и потоа Го изгубил. Беше убеден дека на секое барање на Бога му претходи извесно чувстување на Бога.

Бог над човекот не извршува никакво насилство, туку стрпливо стои кај човечкото срце и чека додека тоа не се отвори.

Бог Самиот го бара човекот, пред човекот да Го побара Него, и кога ќе настане благопријатно време, Му се јавува на човекот, дури тогаш човекот во извесна мерка Го спознава Бога.

Тогаш тој започнува да го бара Бога, Кој се крие од срцето. Старецот велеше: ,,Како ќе го бараш она што си го изгубил ? Душата, пак, знае за Господа, и затоа Го бара“.

Свети Силуан Атонски