ЗА БОЖЈИОТ МИР

Мирот е богатство дадено од Бога, дар од Небесата и Божји благослов. Мирот од Христос е постојан, неизменлив, крепок, неминлив, бесмртен и бесконечен. Затоа и му нема крај на тој мир, бидејќи тој е неземски дар.

Најголема радост на радосните е мирот, а ако го нема него, нема ни радоста да има сила кога војната ќе го избрка мирот. На Бога и на Божјото блиску Му се сите кои го сакаат мирот и што се гнасат и се отргнуваат од раздор.

Ништо не е еднакво на мирот и слогата. Вистинскиот мир е мир со Бог. Немаме никаква полза ако сме во мир со сите, а војуваме со Бога, како што не ни е никаква загуба ако војуваме со сите, а сме во мир со Бога.
Мирот како Божји дар, престојува во исчистените срца, додека пак, нечистите и загадените ги напушта. Кој е лишен од мирот, лишен е од Божјата благодат.

Мирот го вознесува во висините на славата оној што го примал и што му служи, го облекува во облека на честа, му го осветлува лицето, го прави великолепен и за пример. Неговите зборови се благи, а делата му се достојни за восхит.

Извадок од книгата
Свети Нектариј Егински