Браќа, да се погрижиме за себе, да бидеме трезвени. Кој ќе ни го врати времето ако напразно го губиме? Навистина, ќе ги бараме овие денови и нема да ги најдеме. Ава Арсениј секогаш си говорел: “Арсениј, зошто си дошол во светот?”. А, ние сме во таква невнимателност и пропадната состојба, бидејќи не знаеме зошто сме дошле; дури и не знаеме што сакаме.

И затоа, не само што не напредуваме, туку секогаш сме нажалени. До тоа се доаѓа, затоа што немаме внимание во нашите срца. И навистина, кога барем малку би се подвизувале, не би биле нажалени или преоптеретени.

Оној кој на почетокот се принудува на подвиг и страда по малку, за кратко време има некој напредок и потоа спокојно делува, а кога Бог ќе го види тоа, му помага. Затоа треба да се подвизуваме. Да положиме добра основа, посакувајќи го она што е добро. Очигледно не сме совршени, но се стремиме кон тоа, кое е наше спасение.

Со желба стапуваме во подвиг, помагани од Бога, и подвизувајќи се добиваме помош за да стекнеме добродетел. Затоа, некој од отците вели: “Дади крв и прими Дух”, односно подвизувај се и ќе се навикнеш на добродетелта.

Извадок од книгата
Ава Доротеј од Газа
Изреки и поуки