„Нема да се одречам од Тебе, ако треба и ќе умрам со Тебе“. Така му рекол, возљубени браќа и сестри, апостол Петар на Христос Спасителот на Тајната Вечера. Но зошто апостол Петар не го одржал ветувањето кон Христос? Тоа се случило затоа што љубовта на Апостолот кон Господа во тоа време, сè уште била телесна, т.е. земска. 

А во што се изразува телесната, земската љубов? Таа се изразува во необично самопредизвикано восхитување. Возбуда и страст во крвта и нервите, да тоа е телесната љубов. Таквата љубов не Му е угодна на Бога, бидејќи таа се принесува како жртва на гордоста, не е долговечна и брзо престанува. 

Да, не е едноставно да Го сакаме Бога, Него треба да Го љубиме само онака како што ни заповедал Господ, Спасителот на светот. Љубовта кон Бога е вистинска само кога се темели на смирението и кога човекот ја отстранува од срцето телесната вообразувана љубов. 

Само ако сме упорни и верни на Бога, во нас се задржува вистинска Божествена љубов. Возљубени браќа и сестри, нашата љубов кон Бога треба да се усовршува од ден на ден. Таа претставува непосредна врска со Бога, влегува во единствено со Него и преку тоа единство добива утеха и просветување и се возвишува. 

Извадок од книгата 
„Биди верен до смртта“