Трпението, благодарењето, молитвениот труд; сите недоумици, препреки и жалости ќе ги истераат и во тивко пристаниште ќе ве приведат.
Ако љубите – ќе немате ни тага, ни униние.
Господ нѐ учи да бидеме како деца, да не осудуваме, да не навредуваме, да се љубиме, да трпиме, да благодариме, да се надеваме во Божјата промисла.
Никогаш не треба да паѓаме со духот, но секогаш да се надеваме на Божјата помош и Неговата милост. Смирувајте се, трпете, љубете. Ако има љубов и ѕидовите ќе се разделат.
Љубовта е едниствено нешто за што треба да се бориме. Учеше со сите да живееме во мир и говореше: “Подобро работата да не успее отколку да се наруши мирот”.
Извадок од книгата
На чистите се им е чисто
Старец Виталиј