За љубовта среќаваме кај старецот прекрасни возвишени мисли. Тој велел: “Љубовта стои највисоко. Ако видиш дека во тебе нема љубов, а сакаш да ја придобиеш, врши дела на љубов, макар отпрвин и без љубов. Господ ќе ја види твојата желба и грижа и ќе вложи во твоето срце љубов.
Тука, многу важно е следното: Кога ќе забележиш, дека си згрешил против љубовта, веднаш исповедај го пред твојот старец. Недостиг на љубов понекогаш доаѓа од зло срце, а понекогаш и од непријателот (ѓаволот). Самиот ти не можеш да различиш кога од каде доаѓа. А кога се исповедаш, ѓаволот ќе се мавне “.

За постигање на добродетелите и особено на љубовта, отец Амвросиј го препорачувал постојаното и упорноста, а не брзање и нетрпеливост.
” Не може веднаш да стигнеш до бестрастие, а чувствувајќи ја својата гревовност, секогаш говори: Господи, прости ми! Единствениот сесилен Бог може да вложи љубов во срцето на човекот”.

Оптинскиот Старец Амвросиј

Извадок од книгата
Оптински Старци