Канадскиот активист Крис Елстон познат како “Билборд Крис“ неодамна беше нападнат од група поединци во Ванкувер. Елстон, кој се бори за заштита на децата од  државно мешање во сексуалното изразување, беше на протест во градот организиран против предложената забрана за транзициона терапија, објавија канадските медиуми.

Елстон го пресретнаа радикални транс- активисти кои му упатуваа вулгарни навреди, а потоа и физички го нападнаа. Ударот беше снимен на видео кое стана вирално на социјалните мрежи. На видеото се гледа како Елстон беше удрен и падна на земјата од страна на неколку поединци. Иако беше насилно нападнат, и удрен по лицето, оставен крвав и повреден,полицијата не реагираше бидејќи смета дека насилниот напад бил испровоциран.

Од друга страна, полицијата на Ванкувер на својата веб страна пишува дека работи на целосно расчистуавње на настанот кој се случи на почеток на април годинава. Официјалната изјава на полицијата е поткрепена со две фотографии на двајца учесници во протетите кои се вклучени во тепачка не само на „Билборд Крис“ туку и на уште едно лице за кое имаат објавено видео снимка.

Полицијата се оградува од пристрасност велејќи дека го поддржуваат правото на секој да го изрази својот став на ненасилен начин, а во случај на насилство да ја смират ситуацијата, а не како што пишува во дописот, веднаш да пристапат кон апсење.

Инаку, Крис Елстон е татко на две деца и е гласен активист за заштита на децата од транс- движењето. Тој е голем критичар на употребата на хормонски блокатори и други хемикалии врз децата.

На своите билборди Крис пишува: Децата не може да се согласат на блокатори на пубертет! Децата никогаш не се раѓаат во погрешно тело! Родовата идеологија не припаѓа во училиштата!

Според зборовите на Крис, ова не е прв напад. Претходно бил нападнат во 2021 година на протест во Лос Анџелес кога му било скршено рамото. Верува дека нападот е политики мотивиран бидејќи, како што објаснува самиот, е гласен противник на употреба на хемиски средства за децата. Смета дека нивната употреба на долг рок ќе  редизвика негативни ефекти врз децата, и дека родителите треба да бидат информирани за тоа.

И Елстон и противниците на родовата идеологија сметаат дека овие напади ја зголемуваат грижата за безбедноста на поединците кои не се согласуваат со транс-движењето.