Распната вистина

 

Ќе дојде ден

кога пак ќе ја

распнеме вистината

Ќе ја заковаме на четири страни

и ќе се обидеме

отпадот свој да го

скриеме давејќи го

И така ќе си

глаголиме за нашите подвизи

и врвови

Ќе ги употребуваме

наместо лепези

нашите пишани и

непишани дипломи

Ќе бидеме актери и

публика на нашите сопствени

драми

Заборавајќи…

Заборавајќи оти не можеме

да избегаме од себе си

За да само некоја

секунда пред

животниот ни FIN

сфатиме оти

таму горе на крстот

сме се распнале

самите себе си!

 

Катерина Панов Кожаров