МОЛИТВА
Еднаш едно момче, натажено му рекло на татка си:
– Татко, не разбирам многу нешта во молитвата… се сомневам
дека воопшто имам некаква полза од неа.
– Не очајувај, момче мое. Та нели не разбираш ни како
дејствува лекот кој го пиеш кога си болен, но тој сепак се бори
со болеста. Така е и со молитвата. Иако не ги разбираш
нејзините зборови таа сепак ја храни, ја милува, ја грее, ја
очистува и ја лекува твојата душа.