Понекогаш ни се случува да дојде најтемната ноќ во нашата душа, кога се чини дека Бог е далеку од нас. Но, тоа е самоизмама, бидејќи Бог е поблиску до нас отколку нашето дишење.
Ваквите моменти се по Божјо допуштање, за да можеме што повеќе да се прилепуваме за Него, слично како кога мајка полна со љубов ќе го постави детето на нозе и ќе се оддалечи од него, а потоа со раширени раце го чека детето да ги направи првите чекори. Оваа мајка е секогаш подготвена да го прифати детето и да го земе во раце штом го види како се сопнува. Сепак, таа знае дека е потребно да си замине на кратко, за нејзиното дете да научи да стои на свои нозе. Така е и кај нас.
Кога ви е тешко да се молите, запалете свеќа пред иконите и седете во тишина. Кажи му на Бога: „Тажен сум и болен и не можам да се свртам кон Тебе, и затоа треба да го слушнам Твојот глас во моето срце“. Некогаш најголемиот духовен раст се постигнува токму во моменти на потполна скршеност, бидејќи во тие моменти сфаќаме колку ни е потребен Бог и колку зависиме од Него.
Не плашете се, драги мои, зашто Бог е близу и нема да ве остави. Господ дозволува моменти на духовна суша, кога човек се плаши дека го напуштил, па ние да Му викаме. Кога сме во битка или кога страдаме, тогаш духовно стануваме посилни во верата. Молитвата ќе се врати ако искористиме момент на тишина, и да му дозволиме на Бог да делува во таа тишина и да го слушнеме Неговиот глас.
Родителот кој постојано му ја работи домашната задача на детето не му прави никаква услуга, бидејќи тоа дете никогаш нема да научи да се грижи за себе и секогаш ќе биде зависно од својот родител. Господ сака да растеме посилни во верата, а во исто време нашиот однос со Него ќе биде сè позрел. Ако не научиме да се грижиме за себе, засекогаш ќе бидеме како зависно дете кое никогаш нема да може да ги достигне височините, но засекогаш ќе остане слабо и плашливо.
Со љубов во Христа,
Игумен Трифун