Викарниот епископ Стобиски г.Јаков, денеска присуствуваше на свечениот настан по повод Ден на општина Ново Село како и 25 години постоење на општината.
Пригодни обраќања на свечената седница имаа претседателот на Советот на Општина Ново Село, г.Костадин Ристоманов како и градоначалникот на Општина Ново Село г.Ѓеорге Божинов.
Епископот г.Јаков Стобиски по свечената седница оддржа неформална средба со градоначалникот на Општина Ново Село, г.Ѓорѓе Божинов, и со актуелните градоначалници на соседните општини,како и со поранешните градоначалници на Општина Ново Село.
Општина Ново Село го одбележи своето 25 годишно постоење
