Дали некогаш сте уживале во тишината
на ветрот додека конците сончеви расплетано
неповрзано ги галеле вашите чекори по
скалите кои немаат крај.

Дали соновите не ве сепнувале, враќале,
освестувале, острастувале, оставале со
зината уста кога минувате покрај некоја
продавница, во некоја улица на некој град…

Дали…

Облаците место мисли ви летале толку
далеку, и пак ве враќале таму каде припаѓате.
Сепак, водата денес и не е толку ладна за едно ново капење.

Дали…

Книгите што ги редевме на полиците остнаа
да кажуваат молитви за да бидат одбрани
Сепак темјанот го избрка сомнежот
надевајки се дека после скалите ќе го види
и својот дом.

 

Панче Ќосев