Радост
Ѕвездата на нашето небо
Ги облече нашите полиња
Соблекувајќи ја обвивката на езерата.
Тие не постоеја.
Не постоев ни јас
Полето ме обви радосно како никогаш
Тупкав со нозете без капка дожд.
Зошто
Ќе прашате
Не прашувајте, радувајте се,
Тупкајќи во очекување на дождот,
среќни за ѕвездата.
Панче Ќосев