Детскиот хор на Школото за веронаука при Струмичката православна епархија ги врши последните подготовки во пресрет на Бадник кога ќе се одржи Бадникарската поворка. За првпат годинава во срцето на Струмица, на градскиот плоштад „Гоце Делчев“ ќе се одржи Божиќен концерт на кој децата ќе испеат репертоар на свечени божиќни песни каланди.

Празничната литија ќе тргне во 10 часот од храмот на Светите Кирил и Методиј во Струмица.

Школото за веронаука активно постои од 2019 година и се состои од повеќе активности, настава, пеење и работилница за ракоделија. Божиќниот концерт ќе биде од хуманитарен карактер и заедно со средствата собрани од продажбата на изработките на Базарот ќе бидат наменети за лекување на двајца струмичани.