Понекогаш, од една сосема мала и едвај приметлива искра, настанува голем пожар, а од малото зрно, со текот на времето, пораснува големо дрво.

Тоа се случува и кај нас: од срцето излегуваат сите лоши помисли (Мт. 15, 19), од помислите – зборови и разговори, а таму, пак, веќе се наоѓаат и делата.

Затоа, на секој начин треба да се избегнуваат гревовните мисли и мечтаења, слободните зборови и разговори. Најповеќе нѐ искушуваат нашите мисли и зборови. Но ете, тука е и подвигот. Треба да се бориме со таквите искушенија: подобро е да се поднесе тага и здодевност, отколку да се падне во прелест и измама.

Запамтете, за секој празен збор ќе дадеме одговор на Судниот ден. Ако на некој од вас, натажените и горделивите, им се случи да чујат некои ласкави зборови, не вознемирувајте се, а благодарете – најчесто тоа ни е од полза. Ласкавите зборови ја слабеат душата и ја лишуваат од цврстина и храброст.

Да се живее световно значи – да се плива по вода, но да се живее духовно, тогаш е потребно да се спротивставиме на светот, да се тргнеме од суетното ласкање, да го презреме сиот телесен спокој, да се умртват сите страсти и да се возљуби духовната простота, со секое смирение заради Господа, како што впрочем и нѐ  учи Светото Евангелие. Иако ова на почетокот се покажува како тешко и горко искуство, сепак, по некое време станува благо и лесно.

Постави, Господи, стража пред устата наша и не давај да ни застрани срцето кон лукави зборови (Пс. 140, 3-4).

Преподобен Варнава Пештерски