Ниту една од овие работи не се скриени од вас, ако вие совршено ја имате верата и љубовта кон Исуса Христа, кои се почеток и крај на животот. Бидејќи овие две работи, кои неразделно се поврзани меѓу себе, се од Бога, додека сите останати нешта кои се потребни за свет живот следат после овие две.

Ниту еден човек кој навистина исповеда дека верува – не греши, и тој што има љубов – не мрази никого. Дрвото се познава по плодот; така што тие кои исповедаат дека се христијани, ќе бидат препознаени по нивното однесување. Бидејќи, сега не се бара просто исповедање, туку човекот, сè до крајот, да биде постојано во силата на верата.

Така, ниту една од ѓаволските лукавства нема да бидат скриени од вас, ако како Павле, совршено ја имате таквата вера и љубов кон Христа, кои се почеток и крај на животот. Почеток на животот е верата, а крајот е љубовта. И овие две, кои се неразделно поврзани меѓу себе, го прават совршен Божјиот човек, додека пак, сите останати работи кои се потребни за свет живот, следат после овие две. Ниту еден човек кој ја исповеда верата не го следи гревот, ниту еден кој е исполнет со љубов не го мрази братот свој. Бидејќи Тој што рекол: „љуби Го Господа, твојот Бог“, исто така рекол: „и твојот ближен, како самиот себе“.

Оние кои исповедаат дека се Христови, не се познати само по тоа што го велат, туку и по тоа што го исполнуваат. Бидејќи дрвото се познава по својот плод.

Свети Игнатиј Антиохиски