Од првите денови на своето постоење, Христовата црква доследно го изедначува своеволниот абортус со убиство. “Оние што прифаќаат уништување на детето зачнато во утробата се убијци како и тие што земаат отров за да убијат деца” (канон 8 на Светиот Василиј Велики).
Значи, ако треба да дадеме одговор достоен за доверба на ова заплеткано ( сложено) прашање денес, треба да обрнеме внимание на теолошките и моралните причини според кои се раководела раната Црква во оформување на својот став.
Треба да се има предвид дека нејзината поука произлегла од духот на љубовта и постојана пастирска грижа за морална и духовна благосостојба на христијанското стадо.
Како православни христијани, ние исповедаме дека животот доаѓа од Бога и дека човечкиот живот претставува најскапоцен дар со кој нѐ надарил Создателот. Над сѐ, Бог ја почитува светоста на човековиот живот. Ова се гледа од тоа што Тој, од Својата преголема љубов кон нас, “Го пратил Единородниот Свој Син, никој што верува во Него да не погине, туку да има живот вечен”. (Јован 3,16).
Извадок од книгата
Светиња на животот и детеубиството.