За ропотот

Ропотот е незадоволство за својот дел, недостаток на благодарност кон Бога, неблагодарност кон сите, обессилување и на самата
Божја промисла, склоност на сè да се најде замерка и прекорување на сите. 

Роптачот не се радува за оние што се спасуваат, туку тагува зa оние што гинат, а тоа не дека размислува за спасение на добрите,туку затоа што пред очи секогаш има жива слика само на она што е загубено. 

Роптачот греши против Бога поради наводните неправди што му се нанесуваат. Секој дар, секоја благодат, секоја чест, секоја слава се
помалку од она што му припаѓа. Роптачот на ништо не се радува, ништо не го весели, ништо не го задоволува. 

Од неговите усни не може да се чуе зборот „благодарам“, а во неговото срце не се вознесува славословие кон Бога за великодушните благодети што му се дадени. Роптачот е неблагодарен. Роптачот се одрекува од благодарноста и кон сопствените родители. Роптачот е несреќен човек. 

Извадок од книгата: 
„Свети Нектариј Егински – 
Светител од нашето време“