Св.Пајсиј Светогорец е еден од нај големите светители на ХХ век и е помеѓу најпочитуваните низ целиот Православен свет.
Сега неговиот инспиративен и динамичен живот е адаптиран и за малите екрани. Првата сезона на новата грчка православна серија „Св.Пајсиј“ веќе е готова и го опфаќа раниот период од неговиот живот – неговото семејство, пристигнувањето на св. Арсениј Кападокиски од Фараса, искушеничките денови и неговото пристигнување на Св.Гора – Атон.
Втората сезона ќе го опфаќа периодот од почетокот на неговиот подвиг на Атон па сè до неговата смрт во 1994г.
Епизодите од серијата ќе се емитуваат по грчката телевизија, но ќе бидат достапни и онлајн на сајтот pemptousia.gr .

Подолу може да го погледнете и трејлерот од серијата.

Извор -orthochristian.com