Споменичката целина Цареви Кули се наоѓа на ритчето кое се издига јужно од градот Струмица, со просечна надморска височина од 450 м.

Локалитетот се наоѓа во плоден рамничарски и ритчест регион, врамен со планините Беласица од јужната, и Огражден од источнаѕа страна. На западната страна се наоѓа планината Плауш, а понатаму се надоврзува планината Еленица. На врвот од ридот се наоѓа седлесто плато кое има издолжена неправилна овална основа и се протега 210 метри во насока исток – запад и околу 80 метри во насока север-југ. Последните големи девастирања, најверојатно настанале како последица на замјотресот кој го има погодено валандовскиот крај во текот на 1931 година.

Покрај средновековната тврдина, локалитетот органски го сочинуваат и некрополата во секторот Јужен рид, праисториска населба на југоисточната падина и терасата на источната страна.

Од монографијата: „Цареви Кули Струмица“ на Зоран Рујак