Во спомен на упокоената сестра Синклитикија се потсетуваме на видео репортажата направена во манастирот „Свети Архангел Михаил“ во Берово.

-Тоа беше сосема случајна и недоговорена средба. ТВ екипата заврши со снимањата во Берово. Беше скоро зајдисонце, кога влеговме во манастирскиот двор без намера да снимаме видео запис. Во тишината, на сред црковниот двор седеше сестрата која работеше мозаик со камен. Тогаш првпат се сретнавме и запознавме со сестра Синклитикија. Веќе веднаш стана јасно дека тоа се моменти кои мора да се овековечат, па така од таа средба излезе и ова видео. На почетокот реков, случајна средба, но сега се прашувам дали е тоа навистина така?, вели авторот на репортажата.

Инаку репортажата е снимена е во април 2015 година, а емитувана на Македонската телевизија и на Телеканал А1.