„Крстот е патоказ и тој за нас не е само патоказ туку е главната оска околу која се одвива нашиот живот. Но и оска околу која се одвива спасението на сè што е создадено. Како што велиме во црковните химни, дека Крстот е основа на Вселената. Не крстот како знамение направено од дрво, туку пред сè заради Оној којшто се распнал од преголема љубов за нас“, вели Неговото Преосвештенство Викарниот Епископ г.Јаков во интервју за Тивериопол.мк.

Во видеото погледнете го целиот разговор, за вербата, за простувањето, за суштината на постот, пандемијата со Ковид 19.