Боже, не допуштај нашето срце да остане празно, туку дај ни – оти од Твојата волја сè зависи – секогаш да се надеваме, и тоа што го посакуваме секогаш да биде добро и вистинско и надежта наша да не биде залудна. Дај предметот на нашите желби да биде повозвишен и поубав од нашиот живот и никогаш да не ја изневериме добрата надеж поради краткотрајните и лажливи остварувања кои ни го затвораат видикот и лажно ни ветуваат одмор. Покажи ни го вистинскиот пат, со попатни препки и страдања но со мир и слава на крајот од него. И дај ни мудрост и храброст, кога веќе ни даваш искушенија. Па каде и да одиме и скитаме, не дозволувај на крајот да останеме вон Твојата сеопшта хармонија, затоа што во секоја секунда, на секое место, со секој дел од своето битие само тоа го посакуваме.