Вечерва по должината на градското корзо, на отворено, од зградата на општинското собрание до градскиот плоштад  ќе биде поставена изложбата „Врамено време“ на репродукции од стари фотографии на Струмица што ја подготви Здружението за култура и визуелни уметности „Кадро“.

Станува збор за репродукции на стари фотографии направени во периодот од 1900 до 1938 година во Струмица, ќе ги потсетат струмичани на историјата и времето кое го сменило ликот на градот.

Фотографиите со димензии 125cm x 80cm поставени на метални држачи ќе го разубавуваат градското корзо наредниве десетина дена. Изложбта е дел од програмата Струмица- град на културата.