Како треба да се оди на црковни служби

Тој ден преподобниот Нифонт ми даде и други совети:

– Внимавај добро, кога се наоѓаш во црквата со другите христијани, да не се смееш, да не разговараш, да не ги оценуваш другите и да не пееш суетно и украсно од човекоугодништво.

– Но зар сето тоа што ми го спомна е грев? – намерно го запрашав за да го наведам повеќе да ми каже.

– Слушни дете мое. Над луѓето што стојат во црквата се наоѓаат многу повеќе ангели, кои невидливо пеат заедно со нив. И ако некој од црковниот собир почне да се шегува, или да озборува, или да расправа за земните работи, ангелите го набљудуваат, ја оставаат песната и почнуваат да пеат тажаленки поради неговиот пад, зборувајќи: “Ах, колку паднала во ропство на гревот душата на овој човек кој стои во црквата толку немарно, без Божји страв, без срам, без почитување! Бог се наведна од небесата за да ги слушне молитвите со смирени зборови, а наместо тоа слуша шеги и озборување”

Неговите зборови ме трогнаа. Оттогаш, ако во црквата ми дојдеше некој празен збор се сеќавав на тоа и се срамев од Божјите ангели.

Извадок од книгата
Свети Нифонт
Подвижник меѓу епископите