Крстот ја просветлил вселената – тој ја уништил идолската заблуда; го распрснал многубожечкиот мрак ; ја воскреснал евангелската светлина; од Исток, и Запад, од Север и Југ, тој ги собрал народите во една Црква, ги обединил во една вера, ги поврзал со едно крштение, ги збратимил во една љубов.

О, кој ќе ја восфали и кој јазик ќе ја изрече, како што прилега, таа природна крепост на православните и тоа победоносно оружје на великиот цар Христа!
Крстот е: воскресение за мртвите, надеж за христијаните, патерица за сакатите, утеха за бедните. Крстот е: срам за горделивите, узда за богатите, раководител за младите, победа над демоните.

Крстот е: надеж за очајните, кормило на оние кои пловат, пристаниште за отфрлените, карпа против непријателот.
Крстот е: венец за старците, татко за сираците, чувар на младенците, советник за праведниците. Крстот е: слава за мажите, величие за  царевите, светлина за оние кои се во темнина, љубомудрие за варварите.

Крстот е: соблазна за Јудеите, безумие за незнабожците, мудрост за неопитните, слобода за  робовите.
Крстот е: проповед на пророците, сопатник на апостолите чест за мачениците, радост за јереите. Крстот е основа на Црквата, темел на светот, сила за немоќните, лекар за неспособните. Крстот е: леб за гладните, извор на жедните, покривка за голите, очистувањеза прокажаните.

 

Свети Ефрем Сирин
Извадок од книгата
„Духовни бисери од светите отци“