Ви советувам многу да не се разжоластувате и премногу да не се грижите, туку да се надевате на Промислата Божја: без волјата Божја ништо не може да се случи. Несреќите овде треба великодушно да ги поднесеме, на небото ни подготвуваат радост, и оние кои што овде сеат солзи, во идниот век ќе жнеат радост. Нашиот живот нема да заврши овде, туку ќе продолжи во идниот век. Кога овде некој навредил некого, во идниот живот Бог ќе му се одмазди, а кој ќе претрпи навреда, вечно во слава ќе се радува со Бога.

Крајно жалам за вашата несреќна положба. Ве советувам целата тага своја да ја положите на Господ Бог. Имајте храбро трпение и надеж на Неговата Света Промисла. Тој ви допушта несреќи во овој привремен живот и ви подготвува иден живот со радост која нема никогаш да заврши : преку многу жалости треба да влеземе во Царството Небесно: овие жалости истрпете ги, за вечно да се радувате со Него. Го молам Бога, да ви помогне во жалостите.

Целомудрено, праведно и благочестиво да поживееме во овој век, за со блажена надеж да го чекаме јавувањето на славата на великиот Бог и Спасител наш Исус Христос. Зашто сите ние треба да се појавиме пред судот Божји.

Извадок од книгата
Велики Руски старци