Напишано е: “Принесете Му на Господа, синови Божји,… Принесете Му на Господа слава и чест” (Псалм. 28.1). Како можеме, бидејќи сме земја и пепел, да Му принесеме на великиот Бог слава, да Му принесеме чест?
Ние Му принесуваме на Бога слава преку своите дела – кога нашиот живот е светлина пред луѓето, па ги гледаат нашите добри дела и Го прославуваат Бога.
Исто така, можеме да го прославиме Бога и преку целомудрие и светост – сме дале ветување да водиме благочестив живот, за што и Свети Павле нѐ убедува: “Прославете Го Бога во своите тела и во своите души, кои се Божји” (1.Кор.6,20).

Не принесува на Господа слава и чест оној кој е пристрасен кон човечка слава, кој ги сака парите, кој скапо ги цени телесните задоволства, кој се восхитува од учења туѓи на Богочестието, зашто, како што со добрите дела ние принесуваме слава на Господа, така, со своите лоши дела го произведуваме спротивното.

Да се боиме, преку нашите гревови, доставувајќи слава и пофалби на ѓаволот, да не бидеме подметнати на вечен срам со него. Да мислиме и да живееме благочестиво, та да ги видат луѓето нашите добри дела и да Го прослават нашиот Отец небесен.

Извадок од книгата
Духовни бисери од Светите отци