Како и каде да се молиме

Никогаш немојте да се правдате дека на човекот, бидејќи е оптоварен со секојдневни работи и со разни животни грижи или, пак, заради тоа што не е близу до молитвениот дом – Црквата, воопшто не му е лесно да се моли. Без разлика, каде и да се наоѓаш, ти можеш да се помолиш: и одејќи, и седејќи, и работејќи. При тоа, никако не е потребно да се паѓа на колена, да се подигаат рацете кон небото, да се биеме во гради. Потребно е само молитвено расположение на душата и срцето. Бог тоа го бара од нас.

За да се каже молитва не треба ниту особено време ниту особено место: секое време и секое место може да се искористи за да престојуваш во неа… Кажувај ја молитвата како што знаеш и каде што можеш, но кажувај ја постојано! Секоја молитва е добра и корисна ако ја говориш со внимание и со страв Божји.