Клучниот момент во човековиот духовен живот или подвиг е – соработката, содејството или синергијата со Бога. Зашто,  ,,кога душата прави нешто, како што се гледа, сама по себе, кога вложува напор да го изврши тоа, потпирајќи се само на сопствената сила и мислејќи дека сама по себе, без содејство на Духот, може да го заврши делото – многу греши… Ни мудрите со својата мудрост, ни разумните со својот разум не можеле да ја сфатат суптилноста на душата или да кажат што е душата, а само со содејство со Светиот Дух се открива и се стекнува сознание и точно знаење за душата“. Без тоа знаење за душата, духовниот живот е практично невозможен, зашто ,,од времето на Христовото доаѓање, Бог бара поинаков плод и поинаква правда, чистота на срцето, добра совест, полезни зборови, чесни и добри мисли, и сето во што напредуваат светите. Зошто Господ вели: Ако вашата праведност не ја надмине праведноста на книжниците и фарисеите, вие нема да влезете во царството небесно (Мат.5,20)“. Со други зборови, самите постапки и надворешни лишувања не се доволи, не е доволно човекот само да се воздржува, зошто ,,свет е оној кој се исчистил и осветил според внатрешниот човек“.

Свети Макариј Велики