Поука за молитвата

Aко за нешто Му се молиш на Бога и Тој не ја услишува твојата молитва, не тагувај поради тоа. Ти не си попаматен од Седржителот. Тој подобро од тебе знае што ти е корисно. Ова се случува, или поради тоа што патиштата на твоето срце се во спротивност со она што го бараш, или поради нешто друго што само Нему Му е познато.

Принудувај се себеси на постојана молитва. Моли Му се на Господа да ти подари простота и незлобивост и да ти ги одземе лукавството, себељубието и демонската злоба, зашто овие страсти го уништуваат сиот духовен плод, во оние, што кон нив се наклонети.

Сето твое внимание и сите твои навики нека бидат собрани во молитвата: „Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилувај ме мене грешниот!“ Со ваквиот начин на призивање на Името Божјо, ќе најдеш спокој, ќе достигнеш духовна и телесна чистота, а во тебе ќе се всели Светиот Дух – Изворот на сите добра, Кој ќе те упати кон светост и кон секое благочестие.