Струмица доби градска уметничка галерија. Галеријата е сместена во дел од скривницата на плоштадот Гоце Делчев и има  корисна површина од  319 метри квадратни. Покрај изложбениот простор галеријата има  депо за слики, дневно депо, канцеларија, бифе и простор за седење.

Првата изложба што беше поставена по повод отворањето е посветена на ликовните уметници од Струмица. Под заедничкиот наслов „Сто години струмичка ликовна уметност“ беа претставени дела од ликовни уметници од Струмица кои во минатото твореле и оставиле траен белег во ликовната култура.

Досегашниот градоначалник на општина Струмица Коста Јаневски очекува во новоотворената галерија освен од струмичките автори да се најдат дела и меѓународната ликовна колонија, но и да се создадат услови за реставрација за реставрација на вистинските ремек-дела од таа ризница и нивно ставање на показ на струмичката, македонската и меѓународната културна јавност.

Уредувањето на просторот на новата градска ликовна галерија во Струмица чини 6,5 милиони денари, средства обезбедени од општинскиот буџет и минис

терството за култура