Смртта нѐ чекаше

 

По ваков снег

пристигна и кај нас смртта

но веќе никој немаше дома.

Ја повикале комшиите

да преноќи кај нив,

била упорна дека не е за таму

овде ѝ е добро

може да почека уште некој ден.

Кога се вративме

седеше на скалите

лута како јасник

и тате сам ја извади секирата

и удри по најмалата топола.

Знаеше колкава е мерата…