За да изгрее сонцето, темнината на ноќта треба да исчезне; за да имате чиста куќа мора да го исчистите ѓубрето; за да тргнете по Христос, мора да се одречете од стариот човек.
Вревата оневозможува да се чуе Бог. Во вечниот хаос и метеж се губат спасоносните зборови. И човекот е глув. Само Божјиот збор не прават способни да чуеме, од човечките зборови го губиме слухот.
Нема ниту повредно од слободата, нема ништо послатко од слободата, слободата е неисцрпен Божји тек. Затоа, нема слобода надвор од Бог.
Сите сме несовршени. Но, од суштинска важност е да имаме желба да станеме како првобитниот Адам – онаков каков што бил пред падот. Тоа значи да го мразиме гревот и во своето срце да го носиме спасоносниот копнеж по рајот.
Мора да научиме да живееме и да се радуваме и покрај потешкотиите кои од време на време влегуваат во нашите животи. Тоа е возможно само ако се фокусирате на она што е најважно. А спасението на душата е главно за човекот. Се останато е само заднина, ништо повеќе.
Се што се случува во нашите животи се случува по добрата Божја промисла. Господ на секој човек му дава такви искушенија, кои му се потребни за спасение на неговата душа и кои е во состојба да ги поднесе. Сите телесни и духовни таги се испратени од Добротворната рака Божја.
Во исконската човечка природа нема страв, бидејќи човекот е создаден по образ и подобие Божјо. Стравот не е од Бога, тој секогаш доаѓа од надвор. Стравот во секој случај е лош советник, и сè што правиме, доколку му подлегнеме, ќе биде бесплодно и деструктивно.
Никакво богатство, знаење, таленти, наклоности, средство или врска не треба да бидат поголеми од нашата вера. Апостол Павле вели: „Затоа сметам дека и сè друго е штета спрема најважното познавање на Христа Исуса, мојот Господ, поради Кого се одреков од сè, и се сметам за отпад, само за да Го придобијам Христа“ (Флип. 3, 8)
Во најтешките времиња, Совршениот капетан, Господ наш и Бог Исус Христос – го водеше Црковниот брод низ бури и невреме. Без сомнеж, така ќе биде и овојпат.
Никој не може да ја уништи Црквата Христова, да ја уништи и да ја однесе. Најважно е ние сами да не отстапиме од Христа. И Тој никогаш нема да нѐ остави. „Јас сум со вас преку сите дни до свршетокот на светот“ (Мат. 28: 20)