Ако моето место во црквата е празно, нема ли да остане празно и местото кое Бог го подготви за мене на Небесата­?

 

Манстир Бистрица Романија

 

– Отец, дали молитвата на верникот е поприфатена во црквата одколку таа што е направена дома?

 

– Не знам дали е повеќе прифатена, но едно е сигурно: посилна е. Видете, кога има само едно дрво во шпоретот, ако дрвото е суво и е добро за оган, гори и дава топлина. Но, ако имате повеќе дрва, тие со сигурност ќе ви дадат поголема топлина. Во дадениот случај е исто и со молитвата – од дома и молитвата во црква.

 

Верникот може да се моли и од дома и има голема должност да го прави тоа. Молитвата, дали е од дома или од црква, е продуховена од истиот Дух, но сепак има некои разлики во нијансите. Во црквата има повеќе луѓе и молејќи се заедно, молитвата станува посилна, попламена, пожива и благодарение на тоа се издигнува побргу до Бог.

 

Потоа , свештеникот не е дома, кој преку своето посебно служење и преку подвигот како посредник пред Бог, ја прави молитвата на верниците во црквата да стаса побргу и посигурно до тронот на милостивоста Божја. Дома, за време на молитвата, верникот не чита од Светото Евангелие, не чита според одредено правило ,не слуша беседа и ги нема Светите Тајни. А на сето ова би додал еден важен аспект: колку и да е свето нашето мало место дома во кое прибегнуваме на молитва, тоа не се споредува со светоста на домот Божји.

 

Оној што ја љуби убавината на Божјиот дом, со самото негово присуство во него, ќе го разубави . Да не заборавиме една работа: колку и да е убава црквата преку нејзината архитектура и фрескоживопис, и колку да е убаво пеењето во неа, она што навистина ја краси црквата е најголемиот број верници кои доаѓаат да се молат во неа. Затоа што, ако црквата е многу убава, а нема верници за време на богослужбите, во неа се чувствува една празнина. Тажно е да се види дека местата што треба да бидат исполнети со луѓе се празни. И се прашуваш: „Ако моето место во црквата е празно, нема ли да остане празно и местото кое Бог го подготви за мене на Небесата?“

 

Интересно прашање. Сепак, има и луѓе кои велат дека се чувствуваат засрамено од одредени причини во црквата, од тоа што други не се однесуваат адекватно за местото во кое што се наоѓаат и велат: „Се молам дома, имам мој однос со Бог“.

 

 

Ова се само изговори кај луѓето со кои се самооправдуваат пред нивната грижа на совест. Почесно би било кај еден човек којшто не му се допаѓа да оди во црква да каже директно: „Не ми се допаѓа во црквата и затоа, дома ми е поудобно “. Така што тие што се молат дома, доаѓаат и во црква. А пак тие што не се молат дома, не доаѓаат ни во црква.

Мислам дека тоа е директно пропорционална врска помеѓу нашата желба да се молиме дома и желбата да се молиме во црква. Сум бил во многу цркви; парохиски, манастирски и би сакал да прецизирам нешто: овие изговори – дека нема ред и мир во црквата, дека не можам да се молам, дека сум засрамен од присуството на другите – се само неосновани оправдувања. Генерално , човекот што сака да се моли во мир и тишина може да си најде такво место во било која црква.

 

Луѓето коишто сакаат да се самооправдат, се оправдуваат, но оправдувањето не прави ништо друго освен да ја измами сопствената совест и не да ја смират. Како резултат на тоа, останува голема празнина и се чувствува пустош во срцата на оние што одбиваат да дојдат во домот Божји. Бидејќи Бог не нè повикува во домот Свој за да Му подариме нешто; ние немаме што да му дадеме, ние сме сиромашни.

 

Тој нè повикува да ни дари тоа што никој на овој свет не може да ни го даде: простување на гревовите, спасение, живот вечен, душевен мир, да нè избави, да нè просветли и да нè вознесе до синовски ранг. А пак овие дарови, човекот нема да ги прими никаде на земјата ако не започне од домот Божји, од Божјото Слово, од неговите проповедници и од Евангелието на Синот Негов.

 

Кратко интервју со отец Василиј, јероѓакон во манастирот Бистрица Романија