Преку покајанието, секогаш можеме да поставиме нов почеток. Напишано е: „ако си паднал, стани“ (сп. Изрек. 24, 16). И ако повторно паднеш – повторно стани, и што и да се случи, нималку не очајувај за своето спасение.

Сѐ додека ти не му се предаваш волно на непријателот, сѐ додека, придружено со самоосудувањето, твоето трпение му одолева, ти ќе најдеш спасение. Апостол Павле вели: „Зашто и нас, кои некогаш бевме неразумни и непокорни… Он нѐ спаси, не според нашите праведни дела, туку по милоста Негова (Тит. 3, 3-5). Затоа, не очајувај на ниту еден начин, отфрлувајќи ја така Божјата помош, зашто Тој може да направи сѐ што ќе посака.

Ти напротив, положи ја својата надеж Нему и Тој ќе направи едно од овие нешта: или преку испитувања и искушенија, или на некој друг начин само Нему познат, Он ќе го устрои твоето обновување; или пак, ќе го прифати твоето трпение и смирение како подвиг; или поради твојата надеж во Него ќе дејствува милостиво врз тебе, на начин за тебе непознат, на начин за кој ни самиот не си свесен, па така ќе ја спаси твојата окована душа.

Ти, само не напуштај Го својот Лекар, зашто инаку ќе пострадаш бесмислено и со двојна смрт, како некој што не ги познал скриените патишта Господови.

Свети Јован Дамаскин