Интересна и интерактивна, богата со игри и најважно со поуки е апликацијата „The Bible app for kids“ која е достапна и на македонски јазик.
Симнувајќи ја апликацијата на Вашиот телефон, таблет или компјутер им овозможувате на најмладите од рана возраст да се воведат во верата на нашиот Бог.
„Библија за деца“ содржи 41 библиска приказна, а наменета е за деца од 2 до 10 години.
-Оваа апликација е неверојатно корисна алатка. Ќе го задржи вниманието на децата, а со сигурност ќе измами насмевки на родителите, кои пак ќе се запознаат и ќе го продлабочат своето знаење на клучните настани од Библијата, се вели во промотивната информација.
Македонкиот тим по добиените права за адаптација на почетокот на 2020 година, во јуни истата година започнал со преводот, лектурата и снимањето на епизодите.
-Голема благодарност до тимот кој неуморно работел на преводот, лектурата, а и сѐ уште работи на промоција на апликацијата. (Андреја Стефановски, Денис Александров, Никола Гиневски и Сашко Петровски). Синхронизацијата ја изврши Александар Митов, со благослов на владиката Јаков Стобиски. Благодарност и до Дејан Арсов од тимот на АБД за доставените информации, се вели во информацијата.
Симнувањето на апликацијата е бесплатно и може да се преземе преку следните линкови:
www.bible.com/detska https://www.bible.com/mk/kids
Нека е се’ во слава на Бога!