Бог им ја даде на Неговите апостоли моќта на Евангелието, а преку нив и ние ја научивме вистината, односно учењето на Синот Божји.

Господ рече: „Кој ве слуша вас, Мене Ме слуша; и кој се откажува од вас, од Мене се откажува; а кој се откажува од Мене, се откажува од Оној што Ме пратил“ (Лука 10, 16). Промислата за нашето спасение ја дознавме не од некој друг, туку од оние преку кои Евангелието стигна до нас. Тие најпрво го проповедаа усно, а потоа по Божја волја ни го врачија Светото Писмо, за тоа да биде столб и основа на нашата вера.

И не е во ред да се рече дека тие проповедале пред да го добијат совршеното познание, како што некои се осмелуваат да кажат, притоа доживувајќи се како некакви коректори на апостолите. Бидејќи, по воскрението на нашиот Бог од мртвите и апостолите беа облечени со сила одозгора, кога Светиот Дух слегна над нив. Тие се исполнија со сите нешта и добија совршено знаење. Тие отидоа до сите краишта на земјата, проповедајќи ги добрите дела кои од Бога ни се подарени и при тоа го разгласија помирувањето на сите луѓе со Небесата.

Секој од нив подеднакво го поседуваше Божјото Евангелие.

Свети Иринеј Лионски