Некој атеист му рекол на својот познаник христијанин дека гадно ќе биде прелажан, доколку задгробниот живот е измислена приказна.
На ова христијанинот му одговорил: „Е, кутар мој, колку повеќе ќе бидеш ти прелажан ако пеколот навистина постои!“

Познатиот француски филозоф Паскал рекол: „Ако милион причини говорат во прилог на атеизмот (односно, дека не постои пеколот), а само една во прилог на постоење на пеколот, разумот бара од мене да постапувам онака како пеколот навистина да постои“.

Во времето кога сè уште постоело ропство, некој имотен многубожец имал во служба двајца робови: многубожец и христијанин. Еден ден откако останале сами на нивата, без надзорот на нивниот господар, робот многубожец му предложил на својот другар по судбина, христијанин, да ја искористи приликата и да престанат со работа, бидејќи господарот си заминал.

На тоа робот христијанин му одговорил ….
– Не, мојот господар не е заминат, тој ме гледа од небеските височини,- и продолжил трудољубиво да работи, додека неговиот
другар седел и денгубел.

Извадок од книгата
„Најдобриот воспитувач“