Ава Висарион, во секоја животна прилика се предавал себеси на Божјата промисла. Така, еден ден минувајќи низ некое село, здогледал некој мртовец покрај патот и го покрил со својот капут. Одејќи понатаму, наишол на некој сиромав, па симнувајќи ја својата покривка ја поставил пред неговите нозе.
Подоцна, еден војник, минувајќи покрај разголениот подвижник, рекол: „Аво, кој ти ја одзел облеката?“ Ава Висарион, покажувајќи на Светото Евангелие кое го држел во рака, одговорил: „Еве, ова ми ја одзеде“.