Кога ќе одлучите да направите добро дело, прво мора да се подготвите за искушенијата на кои ќе наидете. Зашто, кога непријателот ќе види дека почнувате жестоко да живеете богоугоден живот, најчесто напаѓа со разни и страшни искушенија кои ќе ве исплашат  и ќе ве натераат да ја напуштите вашата добра намера.

И по Божја отстапка ќе се соочите со искушенија, па упорно ќе тропате на вратата (на Неговата милост) – од страв од страдањата, но и сеќавањето на Него да се вкорени во вас за да може да Му пристапите со вашите молитви, со што ќе го освети вашето срце преку непрестајното сеќавање на Него.

И кога навистина ќе Го повикаш, Тој ќе те послуша, така што ќе научиш дека Бог е Оној Кој те откупува, а потоа ќе го почувствуваш присуството на Оној Кој те обликувал, те зајакнува и штити, бидејќи засолништето и промислата Божја ги опфаќа сите луѓе. Меѓутоа, овие работи не стануваат видливи, освен само за оние кои се очистиле од гревот и кои постојано се концентрираат на Бога.

Божјата помош и промисла всушност исклучително се откриваат, кога тие случаи претрпуваат екстремни искушенија заради вистината.

Има некои, кои ја виделе (помошта) со своите физички очи – во зависност од искушенијата што ги претрпеле – и на тој начин ја увиделе Божјата солидарност и биле поттикнати од тоа во моменти на храброст – како што дознавме меѓудругото и за апостол Петар и другите светци кои се бореле за Христа.

За нив таа (божествената помош) била повеќе од очигледна, бидејќи дошла во човечки облик, давајќи им храброст и подготвувајќи ги за борба за побожност. Но и отците, кои живееја во пустината и ги истераа демоните од таму – и самите станаа домови на ангели – постојано им се појавуваа свети ангели и на секој начин им помагаа стоејќи покрај нив во сè, поддржувајќи ги и ослободувајќи ги од искушенијата на кои ги натераа демоните.

Но, дури и денес, Божјата помош не се дистанцира од оние кои целосно се посветиле на делата што Му угодуваат; Тој е близок и со сите оние кои го повикуваат. (Авва Исак)