Знај дека во овој свет нема ништо постојано. Погледни надвор: утрово имаше дожд, напладне беше сончево, а вечерва ќе биде студено. Еднаш има ветер, еднаш е тивко, понекогаш има бура, а некогаш жештина. Така е и во нашиот живот, па затоа секогаш биди подговен да се потчинуваш на Божјата волја, без разлика дали тоа тебе ти се допаѓа или не.

Ќе ти раскажам една работа, но тоа да биде меѓу нас. Ќе ти го кажам најдоброто средство за добивање на смирението.

Еве во што се состои тоа: потребно е да се истрпи секоја болка која го боде срцето. Потребно е дење и ноќе да се чека милоста од Семилостивиот Спасител. Оној што така ќе чека, тој сигурно ќе добие смирение. Во ова можам да те уверам давајќи го мојот чесен збор, се разбира ако ѝ веруваш на мојата чест. Почни, и ќе видиш.

Најважното е дека секоја болка, тоа најгорчливо остро бодило што го прободува срцето и во него ја буди секоја чувствителност, всушност е вистинскиот извор на Божјата милост и смирение. Во неа има некое скриено Божјо милосрдие. Ако ги одземеш од себе секоја бол и темнина, личните навреди, укорите, или пак твоите недостатоци, ќе видиш дека ќе останеш сосема гол и необлечен.

Од Бога, Кој нѐ спасува, е направено никој да не биде поштеден од маките, зашто Господ сака да ги спаси сите, а без искушенијата е невозможно човек да го добие своето спасение.

Преподобен старец Анатолиј (Зерцалов)