Треба да знаеш дека никој не може да влезе во Царството Небесно ако нема непријатели?

Ние сме должни да им благодариме на оние кои без причина нè навредуваат и срамат, зашто тие се нашите добротвори. Тие, со нивната навреда, ни помагаат да ги заслужиме венците од нашиот Спасител и Господ, Кој пак Самиот е пример за нас, зашто висејќи на крстот во ужасни страдања, Тој никого не прекорувал, а Му се молел на Бога Отецот за оние што Го распнале: „Оче прости им, зашто не знаат што прават!“

Ова не го знаат оние што нè повредуваат, зашто дејствуваат под влијанието на духот на темнината.

Овој дух треба да го замразиме, а за оние што нè клеветат и навредуваат, секој пат ќе треба да се молиме: „Господи, помилуј ги, зашто не знаат што прават!“

На овој начин ние ќе се сораспнеме со за нас Распнатиот Господ Исус Христос, и тоа на истиот крст, кој секому од нас, соодветно на нашите сили, од Него ни е даден“.

Старец Јован Сезеновски