Бог е љубов и апсолутна слобода. Он преку љубов и нам ни ја дарувал слободата. Затоа и велиме на божествената Литургија: „Ти, по изобилството на Својата милост, сè си привел од небитие во битие.“ Бог не сакал да нè создаде како битија без слобода и љубов, па да бидеме како животните, иако интелигентни, но сепак животни, кои функционираат ропски и по автоматизам, според диктатот на инстинктите.

Наместо тоа, Бог ни го вдахнал Својот Сопствен здив. Он ни го дарувал овој „опасен“ дар (слободата), кој е како меч со две острици. И затоа човекот, преку смирението, послушноста и давањето љубов, ја прима благодатта и може да се обожи, да стане бог по благодат. Овој процес на човечкото усовршување не е ограничен и нема крај. Тоа е пат на бескрајно раснење во Бога, пат по кој патуваат светителите.

Архимандрит Василиј Гондикакис

Тивериопол