Кој живее пок закрилата на Севишниот, тој престојува во домот на Небесниот Бог.

И ќе Му рече на Господа: Ти си мој застапник, Ти си мое пребивалиште, Бог мој, и на Тебе ќе се надевам!

Зашто Он ќе те избави од стапицата на ловецот, и од зборот кој збунува.

Со плеќите Свои ќе те осени и под крилјата Негови ќе бидеш во сигурност, бидејќи ќе те опкружи со Неговата вистина.

Нема да се плашиш од ноќниот страв, ни од стрела што лета дење,

ни од суштества што одат во темнина, ни од зараза, ниту од бес што пустошат напладне.

Покрај тебе ќе паднат илјада, и десет илјади десно од тебе; но до тебе нема да се приближат;

ти ќе ѕиркаш со очите свои и ќе ја гледаш отплатата на грешниците.

Зашто Ти Господи си надеж моја и Севишниот го избра за Свое прибежиште;

Тебе зло нема да Ти се случи, и невојла нема да се приближи до телото Твое;

зашто ќе им заповеда на ангелите Свои, за Тебе да Те чуваат на сите Твои патишта.

Ќе Те понесат на раце, за од камен да не ја сопнеш ногата Своја;

на отровница и змија ќе газиш, и лав и змеј ќе убиваш.

„Бидејќи се надеваше на Мене ќе те избавам и ќе те заштитам, зашто го позна името Мое.

Ќе повика кон Мене, и ќе го чујам; со него сум во неволја; ќе го избавам и ќе го прославам,

ќе му дадам многу денови и ќе му го јавам Моето спасение.“

 

Псалм 90-ти